Порибена реката Црн Дрим
Реката Црн Дрим Струга порибена со автохтона речна пастрмка. Од Државниот инспекторат апелираат единките на пастрмка да бидат соодветно заштитени. Додека пак концесионерот на ревирот на реката Црн Дрим ги предупреди рибокрадците дека имаат добро организирана рибочуварска служба која ќе го чува подмладокот на пастрмката.
Две илјади единки помладок на речна пастрмка запливаа во струшката река Црн Дрим. Со тоа е остварен годишниот план за за порибување во 2013 година велат од одделението за рибарство и аквакултура при Државниот инспекторат за сточарство. Државниот инспектор Јован Бојчовски со апел до риболовците.
„Апелирам до сите риболовци од Струга и населените места кои гравитираат на реката Црн Дрим да вложат максимални напори помладокот со кои е порибена реката да соодветно го заштитиме со цел оваа вода да постане атрактивно место за вршење риболов во наредниот период“ – изјави Бојчовски.
Претседателот на Здружението на риболовци „Пастрмка“ од Струга, Емил Матоски, кои воедно се и концесионери на ревирот на реката Црн Дрим, истакна дека со порибувањето значително ќе се збогати рибниот фонд на реката, но исто така предупреди дека реката ќе биде под континуиран мониторинг на рибочуварската служба.
„Уште еднаш сакам да им порачам на спортските риболовци да ја негуваат пастрмката затоа што имаме рибочуварска служба која што цело време ќе биде на терен и не сакаме да дојдеме до несакани последици казни за рибокрадство и маломерни риби.“ – вели Матоски
„Со цел да се подобри риболовната слика во речните ревири секогаш сме расположени за соработка, вели Златко Димоски, претставникот на СРД „Рибар 2011“. Додава дека нивната политика е да ги помогнуваат сите риболовни здруженија кои се трудат да направат нешто подобро во нашата република и за риболовците и за водите, а ги помоагаат со сума не толку голема но е доволна за секое здружение“.
Подмладокот на автохтоната речна пастрмка со кој вчера беше порибена реката Црн Дрим е одгледуван во мрестилиштето „Шум“. Инаку порибувањето беше извршено под надзор на Државниот инспекторат за сточарство, како и со поддршка на Здружението на спортски риболовци „Рибар 2011“ од Скопје, Институтот за сточарство и Македонската риболовна федерација.
{loadposition content9}