Се пориби езерото со пастрмка
Подмладок од охридска пастрмка фрлен во водите на езерото. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд. Концесионерот „Пастрмка 2012“ тврди дека се што се лови е строго контролирано, а ветува дека ќе им се стави крај и на рибокрадците.
25000 единки, подмладок од охридска пастрмка денес беа фрлени во водите на езерото. Ова порибување согласно договорот помеѓу Хидробиолошкиот завод и концесионерот „Пастрмка 2012“.
Можноста малите пастрмчиња да преживеат во езерото е дури 95%, вели Д-р Сузана Патчева, директорката на Хидробиолошки завод. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд во езерото кој поради неконтролираното ловење се доведе до минимум. Концесионерот на езерото, Ристе Танасоски објаснува дека сега се она што се лови е во согласност и корелација со овој научен институт. Но, потенцира дека голем проблем им претставуваат рибокрадците. За успешно справување со нив тие имаат вработено 12 рибочувари, а хонорарно имаат ангажирано уште 14.
Танасоски вели дека досега имаат поднесено неколку кривични и прекршочни пријави против извршителите на вакви кривични или прекршочни дела. Спроведени се 70 акции, а конфискувани се над 8000км рибарски мрежи. Пред неколку дена дошло и до физичка пресметка со рибокрадците во струшкото село Радожда. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство тврдат дека наскоро ќе се стави крај на ваквите појави.
Државниот инспектор за земјоделство од областа на рибарство и аквакултура, Јован Бојчески потенцира дека одлуката на владата да се даде езерото под концесија е крајно позитивна бидејќи само на тој начин ќе се стави ред во незаконското ловење на рибата од езерото.
{loadposition content9}