Skip to main content

30 години твм

Портал ТВМ со редизајниран изглед

Редизајнираната веб страна tvm.mk е прилагодена на денешните трендови и стандарди за изглед, оптимална брзина и сигурност.
 |  инфодеск  | 
портал твм редизајниран

По повод 30 години од своето постоење Телевизија ТВМ го ребрендираше својот веб сајт tvm.mk.

Новиот веб сајт имплементира нови технологии, со цел приближување на помладата публика, како и трансформација на телевизијата на повеќе платформи кои се лесно достапни.

Редизајнираната веб страна е прилагодена на денешните трендови и стандарди за изглед, оптимална брзина и сигурност. Целта е формат кој е разбирлив, лесен за пребарување, прилагоден за социјалните мрежи и мобилни уреди.

Новиот веб сајт е креиран за да биде покорисен за нашите гледачи, читатели и следачи без оглед на возрасната група на која припаѓаат, за брз пристап до информациите на различни уреди и платформи.

Дизајнот е едноставен и чист, навигирањето е лесно, информациите или написите и другите содржини се организирани по категории, прегледни и без прекини од реклами. Сајтот е збогатен со мултимедијални содржини како видео, слика, звук. 

Навистина настојувавме да создадеме портал за вести кој покрај квалитетни и веродостојни содржини ќе овозможи и пријатно искуство на разгледување, но и едноставна употреба на дополнителните можности кои ги нуди преку едноставна регистрација.

Граѓаните може  да се регистрираат (subscribe) на веб сајтот, со што меѓудругото еднаш неделно на својата е-меил адреса ќе ги добиваат најважните вести од охридско-струшкиот регион.

Новиот веб сајт и понатаму ќе се модернизира, како дел од една поширока стратегија на Регионална телевизија ТВМ и порталот tvm.mk за интеграција со социјални мрежи и други платформи со цел воспоставување уште поблиска соработка и интеракција со граѓаните (публиката), зголемување на брзината на информирање и поголем опсег на публика.