Продолжуваат активностите за санација на улицата „Цар Самоил“. За време на зафатите ќе има посебен сообраќаен режим.
–Се известуваат жителите на УЗ Стар Град, дека активностите за санација на ул. „Цар Самоил“ продолжуваат. Поради тоа во периодот додека траат активностите на овој дел ќе има посебен режим на сообраќај, информираат од локалната самоуправа.