Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека од денеска до 17-ти јуни, поради реализација на петнаесеттата Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји што ќе се одржи во Охрид, на подрачјето на Охрид ќе спроведе соодветни безбедносни мерки.
Како дел од активностите на конференцијата, денеска (15 јуни 2022), во периодот од 15 до 16 часот, околу просторот кај каналот „Студенчишта”, Центарот за обука на вода и крајезерскиот брег околу тој потег, ќе се реализираат армиски показни вежби во кои ќе се употребува маневарска муниција и ќе има движење на борбени армиски возила.
Од СВР Охрид апелираат до граѓаните доследно да се придржуваат до насоките на полициските службеници кои ќе го обезбедуваат посочениот простор.