Галичица е отворена за туристички цели пешачење, параглајдинг, возење четириколки, но посетителите мора да го пријават своето присуство и да ја напуштат планината најдоцна до 20 часот.
Од Планинската спасителна служба – Oхрид (ПСС) апелираат до посетителите да бидат внимателни и да се движат само во рамките на обележаните патеки.
„Апелот да ги почитуваат правилата на планината, да се прилагодуваат на условите кои владеат на планината соодветна да се опремат и да носат доволно количевство на храна и вода и телефон со полна батерија за да може да повикаат помош доколку тоа е потребно“ – вели Антонио Додевски, Раководител на ПСС при Црвен Крст Охрид.
Изгубени, дезориентирани, паднати и повредени во провалија се најчестите интервенции на планинската служба, која има доволно опрема и кадар за спасување во планина во целиот регион.
„Имаме доволно ресурси може да кажам за решавање на сите комплексни операции кои што би можеле да се случат во нашиот регион и во лето и во зима. Така што имаме доволно возила, имаме доволно едуциран кадар“, додава Додески.
Само за еден месец Планинската спасителна служба која го покрива регионот Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца имала четири посериозни интервенции на спасување во планина. Последната интервенција беше вчера кога беа пронајдени тројца изгубени странски туристи во НП Галичица.
Новинар Соња Рилковска