Skip to main content

Посетителите на НП Галичица да не го користат регионалниот пат Охрид- Отешево

Посетителите на НП Галичица да не го користат регионалниот пат Охрид- Отешево.

 |  Валентина Неловска  | 

planinariOхридските алпинисти и планинари предупредуваат да не се користи  регионалниот пат Охрид- Отешево до Корита кој води низ НП Галичица.  Патот е опасен за посетителите иако на влезот има табла дека е прооден до 9 -от км до Корита, посочуваат тие. Напоменуваат дека овој патен правец со 1630 метри надморска височина  е  највисока точка во земјава. Често се јавува голомразица, ветровите може да ги пренесат снежните маси од една на друга страна и з а час да  направат наноси од снег, браниците се дотраени или на места ги нема, а   ЈП Македонија пат не го одржува правецот како што треба, наведува алпинистот Антонио Додовски од АК „Патагонија“.

„ Надлежните ово пат го имаат категоризирано од 3 категорија, не го одржуваат нема базна станица на ЈП Македонија пат  и тие 9 км проодни се одржуваат во последнат фаза кога сите патишта ќе бидат расчистени и проодни , а често по обилните врнежи не е прооден.,“ кажува Додoвски за состојбите  на овој патен правец.

планинариАлпинистот  Додовски подвлекува дека единствено решение  посетителите патот да го  користат бебедно  е негово целосно и  квалитетно одржување.  За љубителите на природата во зима не е привлечно само Корита туку целата планина, напоменува Додовски.

„ Жално е што во атрактивниот национален парк нема услови ни планинараски дом, ни катче и ресторан д а се стоиплиме, семејствата да може да поиграат во снежни услови. Корита е атрактивна затоа што посетителите само до  тоа место може да  стигнат. Верувам дека атрактивноста не е изгубена туку желбатат кај луѓето е загубена да одат на планина“, вели Додовски.

Нашиот обид  да добиеме одговор и од надлежните во ЈП „Македонија пат“ дали патот до Корита оваа  зима ќе се одржува и дали е безбеден остана без успех. Но, со оглед на состојбите со нивната дотраена механизација со кој располагаат во  регионалната секција во Охрид , по се изгледа треба да се почитува советот на алпинистите и планинарите. Во  моментов на Корита има 5 цм снег и  одрони на патот.