Skip to main content

Престојот во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ поскапе за 500 ден

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови на денешната седма седница. Со одлуката се менува цената донесена во 2004 година, со што практично се врши усогласување со економските услови и покачените трошоци за живот.
 |  Маја Савиќ  | 

На денешната седница на Совет беше дадена согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите. Престојот во градинка поскапе за 500 денари.

Наместо досегашните 1.490 денари за целодневен престој на дете до шестгодишна возраст, родителите отсега ќе плаќаат 2.011 денари. Со одлуката се менува цената донесена во 2004 година, со што практично се врше усогласување со економските услови и покачените трошоци за живот.

Советничката од Левица, Виолета Аврамоска кажа дека одлуката не е економски неоправдана, но побара информација дали има ослеснувања или ослободувања за самохрани радители или семејства во социјален ризик.

Директорката на градинката, Ирина Смилеска одговори дека според проектот за инклузија децата од ромската популација се ослободени од плаќање надомест за престој за кои Министерство за труд и социјала го презема трошокот.

Ние за прв пат се приклучуваме во овој проект кој во другите градови веќе функционира. Сега за сега во нашата градинка имаме едно семејство од ромската популација кое го носи своето дете , но има услови за плаќање на партиципацијата затоа што за да бидат ослободени треба да се приматели на гарантирана минимална парична помош,. Тој документ ние како институција се обративме во Центарот за социјална работа и тоа семесјтво не е примател на таква помош. Само децата од ромката популација се ослободени, кажа Ирина Смилеска – директорка на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид

Советничката Аврамоска кажа дека е изненадена од одговорот и дека очекувала барем и еднородителските семејства дека се ослободени од плаќање на надоместокот.

Јас ви предлагам вам како директорка и на Управниот одбор да седнете и да разгледате кои категории , односно кои семејства би можеле да бидат ослободени од плаќање. Можам да ви дадам предлог тоа да се самохраните родители, потоа семејства во кои само едниот родител е вработен до износ на минимална плата. Списокот да го зголемите на семејства ослободени од надомест за децата во градинките бидејќи верувајте со минимална плата од 24 000 ден навистина работничките семејства едвај преживуваат, рече Виолета Аврамоска – советничка од Левица.

Во градинка одат деца чии родители се во редовен работен однос па не држи аргументот за ослободување на семејства каде еден родител е невработен, псоочи секретарот на Општина Охрид Александар Китески. Но додаде дека забелешката за самохрани родители е на место.

Еве директорката е тука нека достави до мене список колку случаи имаме такви и кога ќе планираме буџет за субвенционирање на граѓаните за сметките за јавни услуги од јавните претпријатија може следно да предвидиме и услугата од градинката. По однос на самохрани родители држи предлогот , директорката ќе направи список да видиме за колкав буџет станува збор и дали во ребаланс или на друг начин да излеземе во пресрет на таа категорија граѓани , не за целосно ослободување но да има некое субвенционирање, рече Александар Китески – секретар на Општина Охрид.

Советникот од СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски кажа дека градинката претставува социјална установа и општината треба да се стреми во иднина кон целосно ослободување од плаќање надомест за целодневен престој на децата

За таа цел јас и архивски но и сега од оваа говорница предлама амандман за субвенционирање од 500 денари на секое дете таксативно без исклучок , без квалификации и категоризации на семејства затоа што суштината на оваа институција е од особено значење за сите нас. Предлагам ослободување за секое дете кое услугата ја користело активно во тековниот месец, а средствата предлагам да бидат од 7 мил денари на годишно ниво обезбедени од средствата наменети за субвенции за комунални претпријатија, кажа Иван Димкоски – советник СДСМ и коалиција.

Секретарот Китески кажа дека намерата на советникот Димкоски не е искрена и дека целта е добивање политички поени, додаде дека Општина Охрид последна во државава ја зголеми цената за престој во градинка а во меѓувреме од последната корекција на цената пред 20 години трошоците на установата постојано растеле. Амандманот не беше прифатен, а одлуката за зголемување на износот на надоместокот помина со 17 гласа „ЗА“ и 6 „Против“.