Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поскапуваат горивата

РКЕ донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 09.01.2023 година.
 |  инфодеск  | 
Горива

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,918 %, кај дизелот 3,712%, кај екстра-лесното масло 4,303 % и кај мазутот 1,552 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,785 %.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,176 денари/кг и сега ќе изнесува 39,459 денари/кг.

Од 17.01.2023 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,50 (денара/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,50 (денар/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денар/литар)

– мазут М-1 НС – 39,459 (денари/килограм)