Skip to main content

Седница на Совет

Поскапувањето на водата предизвика жестока расправа во Советот на Општина Охрид

Одлуките за давање согласност на Одлуките за утврдување тарифа за водната улсуга, снабдување со вода за пиење на ЈП Водовод и за утврдување на тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Никсоградба Охрид“, на денешната триесет и трета седница на Советот на Општина Охрид,  предизвикаа расправа која траеше речиси еден час.
 |  Голабовски Крсте  | 
Седница на Совет

Поскапувањето на цената на водата за пиење во наредните две години, предизвика жестока расправа на денешната седница, како и одлуката за цената за  одведување на урбани отпадни води.  Милена Грозданоска, советничка од СДСМ, посочи дека цената е утврдена од страна на РКЕ , но од страна на податоците доставени од јавните претпријатија. Укажа на деценискиот проблем со загубата на вода, особено како резултат на дивите приклучови на населението, па запраша што во врска овој проблем јавното претпријатие презема.

„Затоа во овој момент јас барам директорот да ми одговори конкретно, дали нешто е преземено во однос на откривањето на тие диви приклучоци или не  е преземено. Греота е ние во Охирд, кои лежиме на вода , ние граѓаните да плаќаме најскапа вода.“ – кажа од говорницата советничката од СДСМ Грозданоска.

Претседателот на Советот Сашо Донев и одговори на советничката, дека од испумпаните 6 милиони кубни метри  вода за пиење, фактурирани се само два, а дека разликата на цената добиена од РКЕ до оваа која сега треба да се гласа, е малку поразлична, кажа Донев.

„Оваа цена на вода не е максималната која што е понудена туку е просечна цена која е понудена на денешната седница.“ – рече Донев.

Марјан Ристески – в.д. директор на ЈП „Водовод“ Охрид, кој неодамна присуствувал на конференција токму посветена на загубата на води, детално објасни која е причината за тешкото откривање на дивите приклучоци и загубата на вода. Ристески кажа дека многу помали и понеразвиени општини од Охрид и ЈП одовод  располагаат со софистицирана оррема за пронаоѓање на диви приклучоци и загуба за вода. Ние имаме опрема во која 30 години не се инвестирало.

„Технолошката состојба на јавното препријатие во делот на иновации е на најниско ниво. Ви кажувам, лично се срамев да кажам со каква опрема ЈП располага. Во изминативе 30 години дали некому му оговарало или не му одгвоарало да направи опрема да воспостави СКАДА систем, со мерни инструменти на кој точно ќе детектирате дефекти и точно ќе регулирате и притисок и загуба на води.“ – кажа директорот на ЈП Водовод, Марјан Ристески.

И покрај ваквата состојба, на јавното претпријатето, само за една година, направена е заштеда на вода од 0.8%, кажа Ристески. Советничката од редовите на „Левица“ Виолета Аврамоска , во врска новата цена на водата, кажа дека нема да гласа за оваа точка и уште еднаш запраша зошто никој досега не побарал одговорност.

„Она што секогаш го барам, одговорност од претходните раководители од претходните власти кои ги донесоа до оваа ситуација јавните претпријатија. И Општината Охрид. Никој од никого не барате одговорност. Не знам зошто?Ние како граѓани треба да им ги плаќаме криминалите на претходните раководители, членови на УО и НО, на корумпираните градоначалници.“ – кажа Аврамоска.

Директорот на Водовод и одговори на  Аврамоска да гласа според сопствено убедување, но да не ги замајува граѓаните , туку да се држи до аргументите и до Законот за утврдување на цени на воднитe услуги.

„Имате член во УО во нашето ЈП кој можеби од вас и од мене подобро ја разбира проблематиката, го прочитал и увидел законот и гласал за оваа одлука за цена. Не затоа што сакал, туку затоа што податоците се оние во рамките на РКЕ која ги утврдила.“ – рече Ристески.

Што се однесува до осовременувањее на ЈП, зголемувањето на наплатата и намалувањето на потрошувачката на вода, претседателот на совет, најви еден голем проект кој е токму во оваа насока. Станува збор за финансиска инјекција каква ова ЈП досега не добило, а со ребалансот на општинскиот буџет ќе се издвојат 6 милиони денари за  замена на сите пумпи и 250 000 евра  во пумпната станица Метропол, кои трошат огромни количевства електрична енергија.

„И јас и градоначалникот бевме на состанок во МЖСПП и сакам да ве информирам дека Владата ќе издвои 900 000 евра за Општина Охрид. Ќе аплицираме со проект кој ќе го изготви ЈП „Водовод“ и сите тие пари ќе ги инвестираме во замена на водомерните броила кои 15-20 години назад не се заменети.“ – рече Донев.

Донев ја спомна и инвестицијата тешка околу 6 милиони евра за Свинишките извори, за која веќе е изготвен проектот, кој доколку се заврши, водата Охрид ќе ја троши по гравитационен пат со 50% потрошувачка на елкектрична енергија.