Skip to main content

После 40 години излегоа на површина проблемите во ОУ „Братство Единство“

Претставници на Локалната самоуправа имаа можност одблиску да ги согледаат реалните проблеми и потребата за реновирање на двата објекти на О.У. „Братство Единство. Денес во ова училиште се одржа работен состанок на кој, покрај претставниците на градската власт присуствуваа и претставници на Советот на родители и  Училишниот одбор.

 |  Николоска Биљана  | 
bratstvo
братство

bratstvoПосле 4 децении испливаа на површина проблемите на О.У. „Братство Единство“. Азбесните кровови на  училишните згради, водоводно канализациониот систем, санитарните чворови, асфалтирањето, осветлувањето, се само дел од проблемите за кои ова училиште веќе подолг период бара решение. Како што истакна директорот на училиштето Муамер Доко, со реновирање на двата објекти би се подобриле условите за работа и престој на нивните ученици и наставниот кадар.

„Овие училишни згради се меѓу најстарите,  кога реков дека централната зграда е пред 65 години, додека пак зградата во Лескајца е пред 45 години и сакаме или не од забот на времето објектите се руинирани. Пореално можам да речам,  можеби и подобро да имавме можности и финансиски средства да направевме една нова зграда како што ги бара условите во 21 век, ќе беше подобро. Тоа што можеме верувам дека во иднина она што го предвидела Локалната самоуправа во самиот буџет и нашите барања што се приоритети ќе се реализираат“ – нагласи Доко.

bratstvoРаботите се движат во подобра насока за што зборува и денешниот состанок кој е прв од ваков картактер и претставува унапредување во соработката, вели претседателот на Советот на родители Емир Муфти. Тој истакна дека станува збор за елементарни барања кои во Локалната самоуправа биле доставени пред новата година.

„Ова е единствено школо во градов можеби и во Македонија што нема спортска сала. Може да видите надовр дека немаме никаков двор каде што можат децава да одржуваат физичко воспитување. Не сакам да ви кажувам да прошетате по ходникот дека се чуствува миризбата од тоалетите.  Кога ќе заврни еден дожд децава ги носиме на раце за да дојдат до скалите“– укажа Муфти.

Барањата на Училишниот одбор и на Советот на родители се реални и се малку во споредба со она што можевме да го слушнеме како проблем, вели заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој категоричен во ставот дека градоначалникот, секретарот и службите во општина Охрид на образованието му даваат посебен приоритет и секогаш во рамките на ингеренциите истото го помагаат. Јанев вели дека недостига иницијалната каписла за решавање на проблемот, односно утврдување на сопственоста на земјиштето.

bratstvo„Сето ова што го бараат ево дел од барањата ќе кажат дека последните 4 барања да се изготват елаборати за реконструкција за спортските терени, за дренажа за спортска сала и.т.н сето тоа е поврзано со сопственоста на училиштето, а сопственоста во изминатите 40 години не завршен тој процес а тоа е еден од првиот документ што треба за да училиштето добива решенија за реконструкција или за поголеми инфраструктурни зафати“ – изјави Јанев.

Советникот Кујтим Усеини смета дека состојбата во која се наоѓа ова училиште е катастрофална.

„Јас сум запознат многу со овие работи и чисто се сомневам дека некои работи ќе се направат,  оптимистички вака. Бидејќи 6 години ја бркам оваа дренажа кај нас децава живеат во влага каде што не можат да држат настава на зима им е ладно“ – вели Усеини.

На списокот барања за инвестициони приоритети во ОУ „Братство Единство“ се најдоа: реновирање на кровот на училишната зграда во Лескајца која е покриена со азбестни салонитни табли, санација на санитарни јазли, осветлување на спортски сали и училишните дворови во двете згради, соблекувални, промена на дограмата во двете згради, изградба на спортски терен во Централен објект, промена на парен котел и дренажа на училишната зграда во Лескајца, молерисување на двата објекти, отстранување на градежен шут од поткровјето на Централниот објект.

{loadposition content9}