Skip to main content

Црвен крст Охрид

Последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект

Сите пријавени треба да се присутни во просториите на Црвен крст Охрид на денот на обуката, најдоцна до 10:30 часот.
 |  инфодеск  | 
Езеро

Од Црвен крст Охрид информираат дека поради зголемениот интерес и во согласност со термините за пријавување и полагање во Капетанија на пристаништата – Охрид, објавен е дополнителен и воедно последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект.

Курсот е предвиден да се одржи утре, вторник, 16.09.2025 во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, со почеток 11:00 часот. Од таму напоменуваат дека сите пријавени треба да се присутни во просториите на Црвен крст Охрид на денот на обуката, најдоцна до 10:30 часот.

– Обуката е задолжителен дел од процесот за добивање дозвола за управување со пловни објекти, според важечките законски регулативи. Не ја пропуштајте можноста – осигурете си дозвола и стекнете вештини кои спасуваат живо, велат од Црвен крст Охрид.