Skip to main content

Зголемување на свеста кај населението

Последици од користење на петарди

На основците им беа прикажани можните последици од неправилното користење на петарди за новогодишните празници.
 |  инфодеск  | 
Последици од користење на петарди
Processed with VSCO with preset

И оваа недела волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид продолжија со спроведување акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.

Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници ги прикажаа на основците можните последици од неправилното користење на овие средства за престојните новогодишни празници заедно со волонтерите од Клубот на млади – информираат од Црвен крст Охрид.

Дополнително беа опфатени учениците од основните училишта „Христо Узунов” и „Григор Прличев“.