Последната недела во март, почнува летно сметање на времето
Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.
| | Охрид
Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.
Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од месец март.