ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Локалниот Младински Совет и Ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Локалниот Младински Совет и Ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид на 03.03.2025 година потпиша меморандум за соработка со Локалниот Младински Совет.
-Целта на овој меморандум е да се зајакне и формализира соработката помеѓу двете организации, кои заедно ќе работат на креирање на нови можности и проекти за младите во нашата заедница. Овој меморандум ќе отвори можности за заеднички проекти, како и за размена на искуства и знаења помеѓу младите. Ова е голем чекор напред во создавањето на позитивна и продуктивна средина за младите, со фокус на нивниот личен развој и активно учество во општествениот живот, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
