Skip to main content

Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и Словачкиот Музеј од Ухерске Храдиште (Република Чешка)

Во рамките на овој Меморандум, двете страни изразуваат поддршка за подготовка и поднесување заеднички иницијативи. Целта е да се воспостави рамка за соработка помеѓу Словачкиот Музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид во областа на заштитата на културното наследство, образованието и професионалните размени. Двете страни се обврзуваат да соработуваат при организирање проекти, изложби, едукативни активности и други иницијативи кои придонесуваат за зачувување и промоција на културното наследство.
 |  инфодеск  | 

НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид препознавајќи ја важноста на меѓународната соработка во заштита и презентација на културното наследство, како и одговорноста за зачувување и промоција на културните вредности, потпиша Меморандум за соработка соработка со Словачкиот Музеј во Ухерске Храдиште.

Во рамките на овој Меморандум, двете страни изразуваат поддршка за подготовка и поднесување заеднички иницијативи. Целта е да се воспостави рамка за соработка помеѓу Словачкиот Музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид во областа на заштитата на културното наследство, образованието и професионалните размени. Двете страни се обврзуваат да соработуваат при организирање проекти, изложби, едукативни активности и други иницијативи кои придонесуваат за зачувување и промоција на културното наследство.

Двете институции имаа заедничко учество во програмата Еразмус+, која вклучува мобилност на кадрите кои се фокусирани на стекнување нови вештини и размена на најдобри практики на полето на музеологијата на професионалните работни места со т.н. „job-shadowing“. Двете институции се обврзаа да поддржат програми за размена на стручен кадар, вклучително и практиканти фокусирани на стекнување експертиза во заштитата на културното наследство, музејската работа и менаџментот во заштитата на културното наследство.

Исто така, двете институции ќе соработуваат во развојот на образовни програми насочени кон зачувување на културното наследство, особено за младите професионалци и пошироката јавност, заеднички ќе организираат изложби и други културни настани кои го промовираат културното наследство на двете земји, се вели во соопштението на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.