Во периодот од 21 до 23 мај 2024 г. професори од Средна школа ,,Дољевац” од Ниш беа во посета на Охрид, по повод збратимување на двете стручни училишта. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на директорите Ристе Јанкоски и Марко Цветковиќ.
Со потпишувањето на овој меморандум, двете стручни школи отвараат зголемени можности за размена на знаење и искуство помеѓу професорите и учениците, меѓусебна соработка, учество во заеднички проекти и настани, со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес.
За време на престојот, покрај дискусиите за можните начини на соработка, гостите ги посетија природните убавини на Охрид и се запознаа со културно – историските вредности на нашиот град, информираат од училиштето.
Додаваат дека во рамки на посетата била остварена средба и со конзулот на Р.Србија во Охрид, при што гости од Ниш имале можност да се запознаат со начинот на изработка на охридските бисери.