Денес во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше потпишан првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите средни училишта во Охрид. Оваа иницијатива беше покрената од ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, предводена од претседателот Арсениј Ѓоршески, со цел зајакнување на младинската соработка и активностите во градот.
Средни училишта и претседатели кои го потпишаа меморандумот:
- ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид:Претседател Арсениј Ѓоршески
- ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид Претседател Иво Георгиески
- СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид: Претседател Теодора Митреска
- РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид: Претседател Вероника Ѓуракова
Настанот го поздравија и директорите на училиштата, наставници, кои истакнаа дека ова е важен чекор за младинскиот активизам и вмрежување во Охрид.
„Среќни сме што нашата иницијатива донесе заедничка акција на сите средни училишта во Охрид. Ова е само почеток на уште поголеми проекти и активности што ќе ги реализираме заедно,“ изјави Арсениј Ѓоршески, претседател на ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
