Skip to main content

Археолошки предмети

Потпишани договори за изложбата 100 години Требениште

Во Министерството за култура на Република Бугарија денес во Софија беа потпишани договори помеѓу Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Народниот археолошки музеј при БАН во Софија и Народниот музеј на Србоја во Белград, со цел продолжување на соработката во рамки на изложбата „100 години Требениште”.
 |  инфодеск  | 
100 години Требениште

Археолошките предмети пронајдени на требенишката некропола за прв пат беа изложени на едно место во 2019 година во Археолошкиот музеј во Скопје и по ковид пандемијата наредните изложби ќе се одржат во 2023 година во Софија и во 2025 година во Белград.

Денес, 3 години по завршувањето на првата изложба во Скопје, трите институции иницијатори продолжуваат со напорите да го реализираат во полн обем овој возбудлив и важен проект за нашите земји.

100 години Требениште

Трите музеи ги комбинираат своите напори во име на пријателските односи меѓу нашите земји и стратешки важното партнерство во областа на културното и историското наследство и неговото научно истражување, зачувување и социјализација.

Изложбата треба да ги прикаже материјалите и историјата на проучувањето на античката некропола, откриена во 1918 година кај Требениште (близу северниот брег на Охридското Езеро) за време на градежните активности на бугарските инженерски единици, а подоцна проучувана од бугарски, српски и македонски археолози во текот на различни децении на XX век.

100 години Требениште

Целта на изложбата и проектот не е само да се соберат за прв пат по 100 години исклучително репрезентативни наоди кои денес се чуваат во музеите во Софија, Белград, Скопје и Охрид, туку и да се демонстрира заедничката волја за соработка и пријателство со лукавството меѓу нашите земји.

Домаќин на овој свечен чин беше министерот за култура на Р. Бугарија, Велислав Минеков, а присуствуваа и амбасадорите на Северна Македонија и Србија во Софија, Агнеза Руси Поповска и Жељко Јовиќ.

100 години Требениште

Договорот предвидува научна соработка и размена на изложби меѓу Археолошкиот музеј на РСМ и Народниот археолошки музеј при БАН во Софија. Голема благодарност беше изразена и до Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид за поддршката во остварување на оваа соработка и размена на изложби.

100 години Требениште