Skip to main content

Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар

 Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар. Договорени се повеќе области за соработка со кои ќе се  јакне пријателството, културата, спортот , туристичките и други општествени врски. Меѓу нив се заедничкиот пристап до европските фондови за  проекти за енергетска ефикасност.

 |  Валентина Неловска  | 

Градоначалникот Јован Стојаноски и Рада Комадина ,главниот соработник на градскиот совет на Мостар, ставија потпис на Договор за пријателство и соработка меѓу двата градови. По долгогодишни заеднички дружења, средби, разговори и соработки меѓу двете држави БиХ и Македонија, и на двата градови, пристапивме кон потпишување на договор за соработка на градови кои имаат статус на заштита под Унеско, рече при тоа Стојаноски. Подвлече дека врските меѓу двете земји, БиХ и Македонија се долги, со традиција, а ќе продолжат и во иднина.


„ Отвараме нова ера на заедничка соработка, меѓу двата народи кои се стремат кон евроатланските интеграции. Оваа соработка да ја искористиме во правец на заедничка апликација кон Европските фондови за заедничка соработка во проекти од интерес на двата градови и во заштита на природното и културното богатство кои ги прави овие два градови посебни“, рече Стојаноски.

Делгацијата од Мостар предводена од Рада Комадина, главен соработник, добила овластување од Градскиот совет на Мостар да го потпишат Договорот за пријателство и соработка. Договоривме 8 области каде што заеднички ќе дејствуваме. Акцент ставивме на јакнење на пријателствотото, културата, спортот, туристичките и други општествени врски , истакна Комадина.

„ Договоривме заеднички настап кон ЕУ фондовите . Проектите за енергетска ефикасност се актуелни. На тоа поле заедно да делуваме за да придонесеме и да помогнеме кон локалната заедница“, рече Комадина.

Синоќа, делегацијата од Мостар го следеше свеченото отварање на фестивалот Охридско лето, а охридскиот градоначалник Стојаноски доби покана да учествува во септември на одржувањето на Редбул скоковите на Мостарскиот мост. Разменети беа и пригодни подароци и монографии од Охрид и Мостар.