Skip to main content

општина охрид

Потпишано Писмо за намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и Веспрем

Писмото на намери се темели на принципите на меѓусебна рамноправност, разбирање и взаемна корист, а соработката ќе биде насочена кон поттикнување на понатамошен просперитет и развој во повеќе области, меѓу кои економијата, трговијата, науката, културата, спортот, образованието, социјалната заштита, програмите за размена и туризмот.
 |  инфодеск  | 

На пригоден настан, денеска во Охрид беше потпишано Писмо на намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и градот Веспрем, Република Унгарија.

‎Документот го потпишаа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга, со што беше официјализирана заедничката заложба за јакнење на пријателските односи и унапредување на соработката меѓу двата града и двете држави.

‎Писмото на намери се темели на принципите на меѓусебна рамноправност, разбирање и взаемна корист, а соработката ќе биде насочена кон поттикнување на понатамошен просперитет и развој во повеќе области, меѓу кои економијата, трговијата, науката, културата, спортот, образованието, социјалната заштита, програмите за размена и туризмот.

‎Со потпишувањето на овој документ, Охрид и Веспрем ги отвораат вратите за продлабочување на меѓуградската и меѓународната соработка, како и за реализација на конкретни заеднички проекти во иднина.