Потребен е позитивен пристап за децата со аутизам
Расте бројот на деца со аутистичен спектар на нарушувања. Раната дијагностика е клучна во целиот циклус на интервенција и третман. Најважно е да се подигне јавната свест, соработката на родителите со педијатрите, матичните лекари и сите надлежни институции. Потребна е поголема подготвеност, ентузијазам и тимско работење за современ третман на аутизмот. Аутизмот како предизвик на здравствените работници е и темата на панел дискусијата која ќе се одржи во Охрид идната недела. Еминентни професори ќе го пренесат своето знаење за справување и поголемо разбирање на лицата со аутизам.
„Предивиците се големи, педијатрите порано беа оние кои ги увидуваа состојбите, но да заборавиме на таа индивидуалност, суета и тн. Оваа состојба која е пандемија бара тимско работење од разни лекари, разни специјалисти. Да ја разбудиме позитивноста секој што се бави со здравството, ако еден позитивен насмеан доктор ве пречека го дава лекот. Родителите со солзи доаѓаат и прашуваат зошто нашите деца не можат да добијат квалитетно здравство, не ги прифаќаат, тешко е да се прифатат на обичен преглед. Целта е да се поттикнат здравствените работници кога ќе дојде дете со аутизам да сфатат дека тој родител е под стрес од самото раѓање на детето”, вели Александра Сабрас Апостолова дефектолог.
Според експертите треба комплетно да се промени пристапот кон децата со аутизам.
„Потребен е попозитивен пристап секогаш тој родител кога оди на било каков преглед се плаши каква реакција ќе има детето, товарот од здравствениот работник од општеството зошто никогаш реакцијата на децата со аутизам не се знае. Може да биде добра ама може да треба повеќе време за еден преглед. Тоа е и целта да будиме свест, лекарите сите кои се занимаваат со ваква проблематика да го извлечат позитивното и да го пренесат на самиот пациент“, додава Апостолова.
Првата епидемиолошка студија за деца до аутизам почнала во 2000 година. Заклучено било дека бројот се движи околу 0,25 на 10000 живородени деца. Но има растечка стапка од 10 до 17 отсто годишно,вели статистиката. Различните форми на аутизам се сè поприсутни помеѓу децата, како во земјата, така и во светски рамки.
Новинар Соња Рилковска