Skip to main content

Потребен специјален багер за чистење тиња од пристаништата и каналот

Започна постапка за набавка на специјално пловило за чистење на тињата во пристанишата Охрид, Св Наум и каналот Студенчишта.

 |  Валентина Неловска  | 
пристаниште
пристаниште

Започна постапка за набавка на специјално пловило за чистење на тињата во пристанишата Охрид, Св Наум и каналот Студенчишта. Чистењето на дното од наноси е многу важна работа и како град мора да направиме напори за набавка на едно вакво возило, укажува капетанот Горан Устијаноски. За исплатливост на специјалното возило најдобро решение би било набавката да е за регионални потреби на Охрид, Струга и Поградец, предлага капетанот. Устијаноски во меѓувреме направил обид за изнаоѓање на решение за проблемот со кој се среќаваат во водниот сообраќај.

„ Се наоѓаме во прва фаза од аплицирање  на проект од Европската унија, која се занимава со поддршка на вакви проекти. Проектот е предаден, чекаме анализа за набавка на специјален  багер кој би се користел за чистење на пристаништата и каналот, на места каде што има поголеми затрупувања со нанос.“
возило
Недостигот од вакво возило се чувствува долго време. Тињата од пристаништата сега се отстранува преку ангажирање на изведувачи  кои користат обична механизација. Деновиве такво чистење имаше во Охридското пристаниште и на влезот во каналот Студенчишта. Депонирањето на наносот од тиња е обврска на изведувачот, вели Устијаноски.

„Одложувањето на наносот од каналот и пристаништата  е обврска на изведувачот. Нивен е изборот дали ќе го одложат на Мауцкер или друго место. Тој нанос е од природата и повтрорно ќе стане дел од природата. Во Св. Наум, ситуацијата е поинаква. Таму наносот е поквалитетен песок, не најквалитетен, но е почист и понеизмешан со земја. Таа песок ќе ја депонираат на црковен имот каде што  е потребна полнатица. За нас е добро што не поминуваме голем пат за одложување на наносот и се намалуваат трошоците, а некој дел ќе е корисно оплеменет.“

Чистењето на тињата во пристаништето во Св. Наум ќе започне по завршувањето на Велигденските празници. За втората фаза на чистење пак, во градското пристаниште, ќе се чека октомври кога ќе се намали високиот водостој на езерото.

{loadposition content9}