Skip to main content

Регионална Занаетчиска Комора Охрид

Потребна е долгорочна стратегија за спас на занаетчиството

Занаетите  изумираат, а години наназад  нема  план да се  спречи овој процес. Потребна е долгорочна стратегија за да се спречи изумирање на занаетите.Охридските занаетчии изработија  таква стратегија која  ќе ја достават до Владата и министерството за економија. Бараат да се реагираа се додека и последните дуќанџии не ставиле клуч на врата.
 |  инфодеск  | 
Занает витраж

Занаетите  изумираат, а години наназад  нема  план да се  спречи овој процес. Охридските занаетчии изготвија стратегија која ќе ја достават до Владата и министерството за економија ќе се обидат да издејствуваат за да опстанат и да ја остваруваат основната егзистениција. Велат итно се потребни  владини мерки за субвенционирање и поттикнување на занаетчиството.  Да се спаси занаетчиството додека и последните дуќанции не ставиле клуч на врата.

„Јас лично имам изработено долгорочна стартегија за развој на занаетчиството, сега чекам на управен одбор да поминина Републичка комора за да се проследи до надлежните органи, и до министерството за економија и до владата. Крајно време е државата да преземе обврски да го спаси занаетчиството. Статегија во која е планирано и оние занаети во изумирање ќе може да опстанат и да работат”, вели Сашо Богојески претседател Регионална Занаетчиска Комора Охрид

Ситуацијата во занаетчиството е се полоша од година во година. Згасуваат скоро сите занаети. По охридската чаршија тешко се наоѓаат  и шнајдери и кондураџии. Помладите кои го учеле занаетот се откажуваат заминуваат да работат во фабрика. Причините се малата заработувачка и  големите давачки.

„Во последните неколку години бројот на занаетчии драстично е намален, не само во Охрид туку општо во цела земја затоа што нема владини мерки за субвенционирање, тоа е најголемиот проблем. Пред шест седум години владата ги пдмируваше трошоците за плата и персонален данок до пет години а сега тоа го нема”, додава Богоески.

Економската криза и инфлацијата негативно влијаат на занаетчискиот сектор. Во Охрид се регистрирани 250 занаетчии од кои најбројни се фризерки, козметичарки и бербери.

Новинар Соња Рилковска