Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ
Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ.
Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат фолкорното друштво Охриѓанка, Теквондо клубот и амбулантата издадена под концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција објектот.
„ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески.
Домот на култура во Радојца Новичиќ е изграден во далечната 1977 година со самопридонес од месното насленеи. До изградбата на основното училиште тука се изведувала настава. Николоски вели дека потребите на населението од ова населба наметнуваат дури и негово проширување.
„ Досега не е направена реконструкција. Се надеваме дека Локалната власт ќе издвои пари за реконструкција и доизградба на помошни простории за кои има место околу домот. Најнеопходни се санитарните јазли за потребите на тие кои го користат, соблекувална и помошни простоии за пошта за жителите од населбата иод Горно и Долно Лакочереј“, укажува Николески.
Жителите од оваа населба се надеваат дека во реконструкцијата и задоволување на нивните потреби ќе им излезе во пресрет Локалната самоуправа. Томе Џамтоски, портпаролот на општината кажува дека општината има желба за инвестирање, но немаат средства за овој објект. Жителите ќе треба да почекаат подобри времиња.
„ За жал во Радојца Новичиќ одвреме на време функционира домот. Да искористам да го повикам населението тие со свој предлог или иницијатива да не поттикнат да се најдат начини и форми објектот да заживее и да се стави во функција. Во овој момент ЛС има други приоритети во зачувување и одржување на други објекти кои свое времено биле објекти за култура“, подвлекува Џамтоски.
Во охридската населба Радојца Новичиќ во моментов живеат повеќе од 3500 жители.
{loadposition content9}