Skip to main content

Локален младински совет

Поубав Охрид- поубава иднина за младите

На младите во Охрид им  недостига културно забавен живот , но и ветените проекти низ минатава деценија. Ова се резултатите од  анкетата Поубав Охрид – поубава иднина.  Во Програмата на ЛМС за 2024 година предвидени се бројуни проекти за унапредување на младинските политики во општината.
 |  инфодеск  | 

„Поубав Охрид- поубава иднина” е анкетата која ја спроведе Локалниот младински совет во Охрид.  Резултатите покажаа дека на младите им недостигаат  културно забавни активности во градот,  но  и голем број ветени проекти низ минатите години кои до денес не е остварени.

Од Локалниот младински совет велат  во Акцискиот план 2021-2026 година предвидени се конкретни мерки и активности за подобрување на животот на младите во Охрид, со крајна цел да се намали нивното иселување од државата.

„Во тој Акциски план има голем број на стратешки цели кои ,треба да се вклучат, да се реализираат во секојдневниот живот за интересот и потребите на младите и да се решат конкретните проблеми”, вели Игор  Јосифоски претседател на Локалниот младински совет Охрид.

Во Програмата на ЛМС за 2024 година предвидени се бројуни проекти за унапредување на младинските политики во општината.

“Би рекол дека е таков трендот не само во Охрид, не само во македонија туку  и низ цел свет да се најде полесен пристап најчесто до материјални добра , младите од земјава тоа најчесто го наоѓаат во Скопје, но трендот покажува дека младите се преселуваат и  во Германија, Америка со цел поленсо да создадат семејства. Ние како ЛМС сме ново тело и имаме своја програма со која се надеваме дека тој тренд ќе се намали, а и да придонесеме да се вратат  и да придонесат за нашето општество”, додава Јосифоски.

Општина Охрид законски е обрзана да издвои 0,1% од буџетот  годишно , но оваа година општината одвои 3% за младински политики, од ЛМС се надеваат и за идната година да добијат доволно финансии за спроведување на планираните проекти.

Новинар Соња Рилковска