Skip to main content

МЦО

Повеќе од една година во Охрид успешно функционира Младински центар

Младинскиот центар во Охрид, успешно работи повеќе од една година.   Од отворањето до денес младите  организирале над 100 успешни настани. Токму поради тоа Општина Охрид е посочена како позитивен пример за имплементација на младинските политики во земјава.
 |  инфодеск  | 

Повеќе од една година успешно работи Младинскиот центар во Охрид. Токму поради тоа, Општина Охрид е посочена како  позитивен пример за имплементација на младинските политики во земјава.  Од отворањето до денес младите  организирале над 100 успешни настани. Работилници, обуки, тренинзи, кариерни советувања, саеми,  изложби, промоции на книги. За поттикнување на младите да бидат про-активни формирани се  клуб на млади за активизам и за дебата.  

„Младите секогаш треба да ги мотивирате дополнително, наоѓаме начини како да допреме до нив. Правиме постојано промоции по средните училишта и да ги мотивираме да доаѓаат кај нас да видат, со што располагаме што можеме да им понудиме. Функционираат активни клубови како волонтерскиот клуб,креативен клуб,  сега имаме уште два клубови дебатен клуб и клуб за активизам. И се повеќе млади се вклучуваат” , вели Јован Цветкоски раководител на Младински центар Охрид.

Вработувањето и достоинствена плата се основните причини зошто младите одлучуваат да заминат од државата. Ова го покажуваат анализите на Младинскиот центар во Охрид.

„Нашите анализи покажуваат дека можностите за вработување и примањата се на прво место. Потоа следат изборот за продолжување на студии. Најчесто младите кога ќе завршат во средните училишта кај нас, заминуваат во Скопје и во други градови.Но трендот во последните години е заминување на студии надвор, многу често во Љубљана, Германија така што овие причини се две кои отскокнуваат од другите. Трета причини е понудата, културнито социјалниот живот”, вели Цветкоски.

Согласно Законот за младински активизам и младински политики, во општина Охрид функционира и Младински совет и локално младинско собрание. Сите овие тела имаат иста цел, подобрување на животот на младите и нивно директно учество во одлучувањето во локалната самоуправа.

Новинар Соња Рилковска