Skip to main content

Се повеќе Македонци бараат азил

Причина за тоа е  економската нестабилност на земјата. Денеска во Охрид експерти на ЕЗА, во организација на Унијата на независни синдикати дебатираа на тема „Миграција и мобилност на вработените“ .

 |  Билјана Николоска  | 
seminar
семинар
seminarПричина за тоа е  економската нестабилност на земјата. Денеска во Охрид експерти на ЕЗА, во организација на Унијата на независни синдикати дебатираа на тема „Миграција и мобилност на вработените“ . Професор Даниел Наваз Вега говореша за добрите и лошите страни на визната либерализација. Според него позитивна е потребата да се оствари човековата потреба, патувањето. Во услови на светската економска криза, покрај патувањето, постои можност и за вработување, а со тоа и миграција додаде тој. Мигрантите треба да се информирани за се она што ги очекува во земјата каде што сакаат да заминат и кои се условите што ги чекаат таму, рече Наваз.

Претседателот на УНС Слободан Унковски, рече дека било очекувано по визната либерализација многу млади луѓе да заминат од земјата. Тој истакна дека сеуште во државава немаме економски здрава состојба за да се задржат тие луѓе ,па  не ја пропуштаат можноста доколку најдат работа во некоја од земјите на европската унија и да останат.


Од федерацијата на работодавачите Бошков Миле, рече дека Македонија се соочува со голем број проблеми, како на пример неконкурентно стопанство, непродуктивна економија и  губење на ефтин производ.
Според, Бошков тоа е  така затоа што младите луѓе ја напуштаат земјата во изнаоѓање на подобра егзистенција, а со губењето на квалитетна работна сила и цената на трудот станува поскапа.


Косовските претставници на УНС веќе се спремни на големата миграција што ги очекува. Ваљбона Камбери од УНС Косово, истакна дека оваа проблематика е изразена уште од 1990 година и претставува „Балкански синдром“,но со добивањето визна либерализација Косово го очекува истото.


Заклучокот на овој семинар беше дека под итно мора нешто да се случи на економски план за да не ни избегаат младите луѓе. Исто така Македонските организации треба да размислуваат да обучат добар кадар како би имале човечки капацитет и квалитет на местата каде што работат.
{loadposition content}