Повеќе австриски гости во Охрид и Македонија од идната сезона
Повеќе австиски гости во Охрид и Македонија од идната сезона.
Повеќе гости од Австрија се очекуваат во Охрид и земјава од идната сезона. Ова е договорено на саемот во Ветманштат-Австрија каде што е потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен”. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен” до градоначалникот Бакрачески. Австриските туристи кои досега на Балканот доѓаа преку кружни тури, покажале особен интерес за посета само на Охрид и Македонија, кажува Бакрачески.
„ Она што е важно за нас е тоа што тие пројавија желба да направиме тура која ќе се одвива само низ Македонија. Од нас бараат совети и консулатции кои градови би ги вклучиле. Ние ќе направиме консултации со Агенцијата за промоција и поддршка на туримзот и со Министерството за култура. Ќе ги вклучиме сите туристички рабоитници од Охрид и Хотам и ќе направиме заедничка коодринација за што подобро презентирање на можностите на Р. Македонија пред претставниците на “ГЕРГГ Рајзен”.
Општина Охрид на овој саем настапи на сопствен штанд . Така, посетителите имаа можност да се запознаат со убавините, културата и гастрономските специјалитети кои ги нуди нашиот град, напоменува раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
„ Преку разговорите со организаторите и сопствениците на ТА „ ГЕРГГ Рајзен” ќе им овоможиме во иднина подобри услови на гостите од Австрија. Со тоа ќе се зголеми бројот на гости и ноќевања на австријци во Охрид и Македонија, а преку овие тури ќе се промовираат нашата култура и природни богатства. “
ТА „ГЕРГГ Рајзен” е специјализирана за организирање на кружни патувања со ексклузивни автобуси од висока класа за туристи. Од оваа австриската туристичка агенција напоменуваат дека австријците сaкаат да ги посетат само Охрид и Македонија.
„ Секако луѓето се интересираат за овие патувања, имаат прекрасни чусвтва за луѓето во Македонија. Посебно за храната, имате најдобра храна во Европа, и на луѓето им се допаѓа навистина“.
На саемот во Ветманштат-Австрија во делегацијата, покрај градоначалникот и претставници на локалната самоуправа, присуствуваа и претставници на бизнис заедницата и медиуми од Охрид, како и официјални лица од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.
{loadposition content9}