Повелете на „ Малограѓанска свадба“ за 250 денари
„ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар.
„ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар. Оваа театарска претстава е во режија на Дејан Пројкоски. Публиката премиерата ќе може да ја види на 9 октомври.
„ Малограѓанска свадба“ ќе биде прикажана премиерно во текот на целата недела. Значајно е дека има само 24 седишта за да се види претставата, се игра блиску со публиката како да се гледа филм“, истакна актерот и уметничкиот раководител на театарот, Горан Стојаноски.
Претставата се подготвувала во изминативе два месеци, а режисерот Пројкоски има само пофални зборови за актерите од охридскиот народен театар. Со изборот на Брехт се потврдува зрелоста и подготвеноста на театарската екипа за високи естетски вредности. Оваа институција се повеќе зазема важно место на театарската мапа во земјава и правецот кој го одбрала заедно со уметничкиот раководител е вистинскиот, вели Пројкоски. Режисерот додава дека љубовта и бракот како вечна тема и овој пат во претставата се предизвик за актерите, кои преку специфична форма и театарска игра ќе ги прикажат пред охридската публика.
„Решивме публиката да е дел од гостите на Малограѓанска свадба и заради тоа е специфично поставена. 24 гледачи може да бидат гости на масата заедно со актерите. Публиката ќе биде дел од претставата и заедно со актерите ќе се смее и тагува, а ќе бидат и послужени“.
Покрај екипата од охридскиот театар во претставата се вклучени и двајца актери од Битолскиот народен театар Петар Мирчески и Јулијана Стефаноска. Актерот Мирчевски е задоволен од охридските колеги и од престојната претстава.
„ Правиме интересна претстава со специфична естетика. Има многу интересен режисерски, музички и актерски пристап. Претствата ќе има долга изведба, не само што претпоставувам туку и тврдам“, кажува Мирчевски.
Музиката за претставата е на Горан Трајкоски и ќе се изведува во живо од музичарите Емилија Маринова, труба Ѓоко Алоски и кларинет Даниел Танески.
Премиерните претстави ќе почнуваат од 9 до 14 -ти октромври во 19 часот.
Цената на влезниците е 250 денари.
{loadposition content9}