Повик за помош на охриѓанката Ружица Јанеска
Oхриѓанката Ружица Јанеска пред три седмици добила голем мозочен удар којшто предизвикал сериозни животозагрозувачки компликации. Во моментов Ружица се наоѓа на интензивно лекување во Систина. На нејзиното семејство му е неопходна помош.
– Како семејство имаме потреба од финансиска помош, бидејќи цените на третманот се многу високи. Замолуваме да донирате во рамки на можностите, да ни помогнете и да споделувате, апелираат од семејството.
Сите кои се во можност можат да донираат преку телефонскиот број на Телеком 143 113, преку платформата на ecrowd.mk или преку уплата на следните начини:
име: Александар Јанески
жиро сметка: 250500022148969
цел на дознака: Донација за лекување на Ружица Јанеска
name/surename: Aleksandar Janeski
IBAN Code: MK07250780005754985
Swift: INSBMK22
Bank name: Sparkasse Banka A.D. Skopje.


