Отворен повик за учество на фестивалот „Охридски староградски средби“

Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид објави повик за учество на традиционалниот фестивал „Охридски староградски средби“, кој секоја година се одржува во првата половина на септември.
Право на учество имаат сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци кои ги негуваат староградските фолклорни традиции. Пријавите за учество може да се достават по електронска пошта на адресата centarzakultura_ohrid@yahoo.com или по пошта на адреса: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ул. „Македонски Просветители“ бр. 4, 6000 Охрид.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се јават на телефон 046/261-063, а повеќе информации се достапни и на веб-страницата www.centarzakulturaohrid.com.mk.
Од Центарот за култура ги повикуваат сите љубители и чувари на староградската музичка традиција да се пријават и да бидат дел од уште едно издание на фестивалот „Охридски староградски средби“.




