Skip to main content

Фестивал на водни спортови 2023

Повик за учество на ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња

Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето како завршен настан на фестивалот на водните спортови  кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023.
 |  инфодеск  | 
Ohrid kej foto Gjoko Simjanoski

Во Охрид, на 27 август 2023 година со почеток во 17:00 часот ќе се одржи ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња.

Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови  кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023. Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.

Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објави повик за учество на регатата.

Пропозиции:

  • Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:
  • едносед, со должина на кајче 4-4.5 метри
  • двосед, со должина на кајче 5-6 метри

Награден фонд:

  • за I место: 5000 денари и резба традиционален охридски чун
  • за II место: 3000 денари
  • за III место: 2000 денари

Пријавување на email: gorica.remo@gmail.com

Телефон за контакт: 078472482

Краен рок за пријавување: 19 август 2023 година