Skip to main content

Повисоки цени на хотелско угостителските услуги на брегот на Охридското Езеро

Растат цените на хотелско угостителските услуги во туристичките центри на брегот на Охридското Езеро. Оваа сезона ќе има поскапување од 5 до 35%. Од хотелско угостителските објекти велат   и  покрај поскапувањето, повторно двата крајезерски туристички центри остануваат  најевтина дестинација, во споредба со соседните земји.
 |  инфодеск  | 

Поскапуваат цените во хотелско угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Инфлацијата, одмрзнувањето на цените на основните производи,зголемените  трошоци и  порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето на цените оваа туристичка сезона.

Се работи за корекција на цените на услугите од  5  до 35 %, во однос на лани.

„Под тој притисок на разлики во цените, ние мораме да ги покачиме цените. Самата инфлаија не доведе во ситуација барем да покачиме за 20% а на одредени артикли може да има покачување и до 35% повисока од претходната година”  , вели Муса Рашид сопственик на хотелско угостителски објект.

Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат  и оваа сезона ќе има и пониски и повисоки цени зависно од локацијата, категоризацијата на објектот  и услугата. И покрај поскапувањето, двата крајезерски туристички центри остануваат  најевтина дестинација, во споредба со соседството.

„Албанија и другите дестинации се покачени цените, ако им ги видите понудите од оваа година се далеку поскапи од минатат година. Особено Албанија, Црна Гора, да не зборуваме за Хрватска и останатите дестинации, значи услугите се многу покачени. Ние пак ќе сме поатрактивни и поевтини од нив”, додава Рашид.

На високите цени во хотелите, кафулињата и рестораните најчесто се жалат домашните туристи, за странците кои и овој празничен викенд уживаат на брегот на Охридското Езеро цените се коректни. Според Државниот завод за статискитка цените на угостителските услуги во земјава се покачени за 6.3 % во однос на лани.

Најава Соња Рилковска