Skip to main content

Повлечени контејнерите од Грашница, граѓаните да не депонираат отпад на локацијата

Контејнерите беа поставени наменски за време на туристичката сезона 2024 год., за полесно справување со комуналниот отпад кој се создаваше на тешко пристапните плажи на локалитетите Канео и Лабино, објаснуваат од ЈП Охридски Комуналец.
 |  инфодеск  | 

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона.

По завршувањето на туристичката сезона, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација, велат од јавното претпријатие.