Skip to main content

Повлечените точки од минатата седница не се најдоа на дневен ред и на денешната

Бурно започна тринаесеттата седница на охридскиот Совет. Двете точки од областа на урбанизмот кои пред два дена беа повлечени од дванаесеттата седница поради бојкотот на опозицијата, ги раскараа советниците.

 |  Николоска Биљана  | 
urbana sednica
урбана седница

Охридските советници се скараа. Причина, двете точки од областа на урбанизмот, кои пред два дена беа повлечени од дванаесеттата седница на Совет. Предлогот на советниците од Сојузот на иднината да се дополни дневниот ред на тринаесеттата седница со тие две точки не беше усвоен. Тунтев категоричен дека не се против урбанизација, бидејќи тоа е цивилизациска придобивка со која се средуваат работите за да нема хаос.

urbana sednica„Јавноста очекува одговор од нив зошто 8 години се трубеше на сите можни начини, по сите медиуми, се правеа циркуси со прес конференции пред Ревиера, пред Домот на културата и.т.н дека станува збор за урбанистичка девастација за бетонска аемирана инвазија за урбанистичка мафија за хаос во урбанизмот за сега истите тие планови кои тогаш толку здушно беа ангажирани да бидат тргнати од дневен ред и да не успеат ги гледаме на дневен ред “.

Јоне Станкоски советникот на ВМРО – НП вели дека сеуште му се свежи сеќавањата дека од ВМРО – ДПМНЕ ветиле нов концепт  делување во сферата на урбанизмот.

„Затоа како партија ги повикуваме да го видиме новиот концепт, а доколку го немаат а по се изгледа го немаат и дојдоа без концепт на власт да го понудат пред граѓаните бидејќи поголемиот дел од граѓаните им ја дадоа поддршката пред се она што го најавија во изминатите  8 години дека со нивното доаѓање на Власт, Охрид ќе добие нов концепт на урбанизација“.  

Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, вели дека дел од советниците по се изгледа не се сеќаваат на договорот кој бил утврден уште при одржувањето на првите седници. Според него недопусливо е да се дозволи непочитување на договорот и статутот за работа на Советот на општина Охрид со цел остварување на дневно политички активности на поединци. Додава дека локалната администрација нема да се занимава со шпекулативни активности, а политиката ја оставаат на политичките партии.

urbana sednica „Јас немам таков впечаток ние како Локална администрација апсолутон посветено работиме во сферата на урбанизмот. Значи ги согледуваме сите можни активности и решенија кои што треба да произлезат. Секако дека апсолутно сме отворени за потребите на граѓаните. Ние треба да излеземе во пресрет на тие барања согласно законската регулатива“.

Ставот на опозицијата во охридскиот совет го искоментира и Сашо Донев од ВМРО – ДПМНЕ.

„Не можам да ја сватам нивната реакција бидејќи претходната седница на Совет ја бојкотираа поради едноставна причина што сакаа да извршат притисок врз судската власт и да бранат човек кој што е обвинат за криминал од над милион евра не присуствуваа на седница на која  што се носат одлуки за подобрување на животот и стандардот на граѓаните“.

Инаку на денешната тринаесеттата седница над 50 точки од областа на урбанизмот, поголем дел иницијативи на граѓани, како и барањата за легализација на диво изградените објекти, поминаа побрзо од очекуваното без посебни дискусии по однос на истите.

{loadposition content9}