Skip to main content

Физички напад

Повозрасен охриѓанец нападнал малолетно лице

Малолетно лице било физички нападнато од 46-годишен охриѓанец на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена пријава.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 14.06.2022 година во 23:30 часот, Л.П.(35) од Охрид во надлежната полициска станица, пријави дека нејзиниот малолетен син на улицата „Ристо Чадо” во Охрид бил физички нападнат од Љ.Т.(46) од Охрид.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.