Владата на вчерашната седница го утврдила текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии, соопштија од Владата.
Како што информираат од владината прес служба, со предложените измени се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.
Се планира највисокиот износ кој што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице. Сега овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари – велат од Владата.