Повредени двајца малолетници во сообраќајка кај Долно Лакочереј
При извршените проверки било утврдено дека возачот на патничкото возило управувал со 1,20 промили алкохол во крвта.

На 18 јули 2026 година, во 14:45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат во селото Долно Лакочереј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки и мопед „Априлија“ со охридски регистарски ознаки.
Во несреќата тешко биле повредени 16-годишниот возач на мопедот од Охрид и неговата 15-годишна сопатничка од селото Долно Лакочереј. Тешките телесни повреди биле констатирани во Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид. При извршените проверки било утврдено дека возачот на патничкото возило управувал со 1,20 промили алкохол во крвта.







