Skip to main content

СВР Охрид

Повредени три лица во сообраќајна несреќа кај Лескоец

Се судриле опел со охридски и пежо со битолски регистарски ознаки.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа


Денеска (26.07.2023) во 00.05 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид– Ресен, кај селото Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од Охрид и патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управувано од З.К.(53) од с. Горно Оризари, битолско, информираат од СВР Охрид.

Според соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел” констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо” и сопатник од истото возило Н.А. од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.