Skip to main content

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денес температурите во Охрид во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре и во сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

Денес температурите во Охрид во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.

Фото: Ѓоко Симјаноски