Skip to main content

Општина Охрид организира повторена јавна анкета и јавна презентација за Нацрт ДУП за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1

Повторената Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на ден 05.11.2025 год.со почеток во 12.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Општина Охрид распиша повик за организирање повторена јавна анкета и презентација за нацрт-детален урбанистички план за УЗ 2 УБ 2.4 Опфат 1, плански период 2023-2028 година.

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето на опфатено со планот, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, на единиците на локалната самоуправа, на институции надлежни за заштита на недвижното културно наследство и на комуналните претпријатија и претпријатијата чијашто дејност е од јавен интерес, како и научно-стручните институции од сите области суштествени за планирањето и планскиот опфат, стручни лица од невладините организации и други физички лица што се стручни од областите релевантни за планирањето, дека Општина Охрид организира повторена јавна анкета и јавна презентација за Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1, Општина Охрид, плански период 2023-2028, со тех. бр. 54/23 од септември 2025 год., изработен од ДПУП “Пологпроект-ПРО” доо Гостивар.

Повторената Јавната анкета на Нацрт ДУП за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1. Општина Охрид, плански период 2023-2028, со тех. бр. 54/23 од септември 2025 год., изработен од ДПУП “Пологпроект-ПРО” доо Гостивар, ќе трае од 24.10.2025 до 06.11.2025 год. Во времетраење на повторената јавната анкета стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12 до 14 часот во просториите на Општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози, забелешки и мислења можат да ги достават на анкетни листови во хартиена форма или електронска форма додека трае јавната анкета.

Повторената Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на ден 05.11.2025 год.со почеток во 12.00 часот.

Повикот и останатата документација ТУКА.