Skip to main content

Повторната кандидатура на Петрески, понижувачки однос кон Охрид

Одлуката на централата на СДСМ, кандидатурата за градоначалник на Охрид, повторно да му се додели на Александар Петрески е понижувачки однос кон Охрид, обвинува координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски.

 |  Голабовски Крсте  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Продолжува политиката на неработење за доброто на Охрид, вели Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Паноски потенцира дека одлуката кандидатурата да се даде на истиот градоначалник и на истиот тим кој веќе осум години го раководи Охрид, е ништо друго освен понижувачки однос кон градот. Овој тим не покажа речиси ништо со кое што може да го одбележи своето досегашно раководење со градот Охрид, додава Паноски.

Dejan Panoski„Затоа при претстојните посети, спиења во СДСМ ќе треба да одговорат зошто подржуваат една политика на неработење за доброто на Охрид, зошто подржуваат една политика со која од Охрид само се зема, а на Охрид ништо не му се дава и зошто на крај подржуваат лажни вредности на коруптивност на лага и манипулација како вредности кои треба да го одбележат Охрид“ објави Паноски.

Паноски е сигурен дека на претстојните избори, охриѓани ќе се обединат за процесот на промена во Охрид, и дека нема повторно да се идентификуваат со тим кој донесе лоши моменти во развојот на градов во изминативе години. На прашање кога од нивната партија можеме да го очекуваме обелоденувањето на кандидатите за градоначалник, Паноски со став дека во еден далеку подемократски процес, ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на сите согледувања на сите аргументи, ќе го обелодени навремено својот кандидат за градоначалник на Охрид.

По изјавата на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш пристигна и реакцијата од Градоначалникот Александар Петрески кој изјави дека граѓаните досега препознаава дека некој се грижи за нив, без тие да бараат. Тој  посочи дека изборите кои ќе претстојат ќе бидат најтешки, но дека на нив, тој ќе извојува најубедлива победа.

Aleksandar Petreski„Партијата ме кандидра затоа што со мене имаат добитничка комбинација. Тоа е основната причина поради која ме кандидраат. Со тоа паднаа шпекулациите од минатито период на кои јас не одговарав, направени од некои медиуми и од некои таканаречени политичари. Ме кандидираа затоа што на анкетите имав најдобри резултати, тоа беше главен критериум“ објасни Петрески.

Петрески додаде дека има и други причини за неговата повторна кандидатируа. Тој информира дека покрај најголемата капитална инвестиција колекторот, која  е направена за време на неговото управување, тука се и спортската сала, гимназијата, неколку училишни спортски сали и километри патна инфраструктура. На новинарско прашање за тоа какви се односите помеѓу него и Претседателот на СДСМ , Бранко Црвенкоски, Петрески изјави дека станува збор за коректни односи, а дека најдобро за тоа зборува и самата негова кандидатура во трката за градоначалник.

{loadposition content9}