Skip to main content

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан

Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнати 55 м3 кабаст и зелен отпад.
 |  инфодеск  | 

Повторно деградирани јавните површини во населбите Воска и Даљан од несовесни поединци. Службите на ЈП „Охридски комуналец“ повторно на терен се справуваат со мини депонии од кабаст, зелен отпад и градежен шут кои никнуваат преку ноќ на секој чекор.

– Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнати 55 м3 кабаст и зелен отпад, информираат од претпријатието за последната акција за расчистување на депониите во овие населби.

Оттаму апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност во зачувување на животната средина, и посочуваат дека секое депонирање на отпад на несоодветни локации ќе биде санкционирано.