Денес екипите на ЕВН Хоум повторно ги исклучија од напојување со електрична енергија пумпните станици за водоснабдување во Дебрца и без вода во зимски услови ги оставија повеќето граѓани на општината.
Општината го презеде долгот на ЈП за електрична енергија од 19 милиони денари и редовно го сервисира, вели градоначалникот Зоран Ногачески. Додава дека за долгот понудиле спогодба, а од другата страна не добиле одговор.
„Добивме толкување од Регулаторна комисија на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија,во кој меѓу другото стои дека дистрибутерот не може да исклучи водоснабдителен систем ако со тоа се загрозува животот и здравјето на граѓаните, но и тоа за ЕВН не важи. Во Дебрца им се може и можат да прават што сакаат,па и да го загрозуваат здравјето на граѓаните. И така е во држава во која се е партизирано и ако не си партиски поддржан и заштитен ќе си трпиш притисоци,а преку Тебе ќе трпат и граѓаните кои ги претставуваш.„ – вели Ногачески.
Ова не е прв пат да се исклучи од напојување водоснабдителниот систем во општината. Истото се случи и во месец ноември и предходно во мај минатата година.