Skip to main content

Екологија

Повторно гори депонијата Буково

Во моментот на увидот константирано е дека депонијата гори и се ослободува чад, на лице место имало булдожер, камион и ровокопач.
 |  Голабовски Крсте  | 
Депонија Буково

На ден 6 Јуни од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид и Овластен инспектор за животна средина од Општина Охрид извршен е вонреден инспекциски надзор на нестандардна депонија за комунален отпад Буково. Со депонијата раководи ЈП Охридски Комуналец.

Буково

Во моментот на увидот константирано е дека депонијата гори и се ослободува чад, на лице место имало булдожер, камион и ровокопач кои вршеле истурање земја со цел гасење на депонијата, информираат од ДИЖС.

Согласно Законот за управување со отпадот, член 37 став 6 постапката ја води овластен инспектор за животна средина од Општина Охрид кој ќе изготви Решение во инспекциска постапка со задолжение и мерки за целосно гаснење на депонијата.

Од инспекторатот потенцираат дека во периодот пред летната сезона со зголемени температури има висок ризик за опожарување на нестандардните депонии за комунален отпад. ДИЖС им укажува на општините и јавните претпријатија дека согласно член 118-Делокруг на овластен инспектор за животна средина од локалната самоуправа, став (1) точки 8 и 9, а во врска со член 37 ставови (4) и (6) од Законот за управување со отпадот (Сл.весник на РСМ бр.216/2021), целосна надлежност да постапуваат имаат општинските инспектори за животна средина.