Повторно хаос со урбаната опрема, велат од ДПМНЕ
Годинешната програма за поставување на урбана опрема, нетранспарентна, недоречена и нејасна, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
вогодинешната програма за поставување на урбана опрема, парче харитја со хаотично исцртани квадратчиња, обвини советничката Јованка Дамоска Секулоска. Таа додава дека прогамата треба да ги одразува специфичните културни и природни карактеристики на Охрид како туристичка дестинација. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ и со обвинувања, дека ни годинава не ЛС не инвестирала ни денар во типизирани штандови за продажба на производи.
„Со право можеме да го псотавиме прашањето, дали локалната самоуправа е таа која ја наплаќа таксата за поставена опрема или таксата оди вово други џебови, како еден од арачите за обезбедување на мнозинството во советот“ информира Секулоска.
Советничката Секулоска и со порака до Локалната самоуправа да ги надмине партиските и бизнис интереси при поделбата на дозволите,за сите граѓани да имаат можност за рамноправно учество. Таа посочи дека и оваа сезона, Охрид останува без јавни тоалети.
„Оваа локална самоуправа во Охрид и оваа година не успеа за туристите и граѓаните да изгради ни јавни тоалети, како трајни решенија, па туристите и граѓаните повторно ќе бидат принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат“ потенцира Секулоска.
Поради ваквата состојба, Петрески не смее да прозива никого за потреба од развој на елитен туризам, посочија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
{loadposition content9}