Skip to main content

СВР Охрид

Повторно опожарена трска во крајбрежниот појас на регионалниот пат Струга-Калишта

Пожарот бил пријавен во неделата, 23-ти февруари 2025 година, во 18:00 часот во ОВР Струга.
 |  инфодеск  | 
Трска Струга Калишта

На 23-ти февруари 2025 година, во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со трска во струшкиот крајбрежен појас на брегот на Охридското Езеро, покрај регионалниот пат Струга-Калишта, настанал пожар.

– Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.