Дезинсекција

Повторно прскање против комарци

Се известуваат пчеларите од Охрид дека денес од 19 часот ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци.
 |  Голабовски Крсте  | 
прскање

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 11.07.2022 год. (понеделник) ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

прска

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top