Skip to main content

Повторно во советот ќе се кршат копја околу изградбата на малото пристаниште

Предлог Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување на малото пристаниште преку изградба на марина и туристичко угостителски објект, е првата точка на дневен ред за која ќе расправаат охридските избраници во советот, на 45-та седница која ќе се одржи во среда, 14- ти октомври.

 |  Голабовски Крсте  | 
pristaniste

pristanisteПредлог Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување на малото пристаниште преку изградба на марина и туристичко угостителски објект, е првата точка на дневен ред за која ќе расправаат охридските избраници во советот, на 45-та седница која ќе се одржи во среда, 14- ти октомври.

На дневниот ред на оваа седница исто така советниците ќе решаваат и за  предлог одлуката за давање на користење училишен простор на дневен центар за деца со аутизам и дневен центар за деца со попреченост, донесувањето на буџетскиот календар , утврдувањето на Нацрт детален урбанистички план за дел од Велестово, како и над 20 точки кои се однесуваат на донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во општина Охрид.